• понеделник, 20 мај 2024

ЦУК: Три нуркачки тимови од Тигрите ја продолжуваат потрагата по 30 годишниот маж во Липковското езеро

ЦУК: Три нуркачки тимови од Тигрите ја продолжуваат потрагата по 30 годишниот маж во Липковското езеро

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Три нуркачки тима од Тигрите ги пребаруваат водите на Липковското езеро на местото на кое исчезнало 30-годишен маж, информираат од Центарот за управување со кризи.

Како што информираат од ЦУК, се работи за 30-годишен маж кој вчера исчезна во браната Глажња, Липковско.

Лицето коешто се информира дека е од село Никуштак вчера во езерото влегол од кај браната Глажња и оттогаш не излегол оттаму.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Куманово при што била повикана и нуркачка екипа од МВР. сх/нд/

Фото: ЦУК

Остани поврзан