• петок, 05 декември 2025

Нема активни, под контрола пожарите во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф

Нема активни, под контрола пожарите во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф

Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Нема активни пожари на отворен простор на територија на државава, според податоците до седум часот утрово, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Ставени се под контрола се пожарите во општините Македонски Брод, Гевгелија и Долнени.

Во „Јасен“ опожарена е мешана шума. На планината Кожуф има приземен пожар. На територија на селата Долгаец и Стровија, исто така, опожарена е мешана шума. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан