• петок, 05 декември 2025

ЦУК и ДППД Свети Николе потпишаа Меморандум за соработка

ЦУК и ДППД Свети Николе потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 5 август 2025 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и старешината на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе Кире Михајлов денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Како што информира ЦУК, Али и Михајлов го официјализираа заедничкиот ангажман за имплементација на проектот: „Градење на безбедна иднина преку целосно истражување и анализа на противпожарниот сектор во Република Северна Македонија“.

- Преку оваа соработка се очекува зајакнување на капацитетите, размена на знаења и искуства, како и заедничко делување во справување со ризици и заштита на населението. Проектот претставува сеопфатна иницијатива со цел да се создаде реална и објективна слика за постојните материјално-технички и човечки капацитети. Дополнително, има за цел да се зајакне соработката и координацијата меѓу сите релевантни институции, како предуслов за ефикасно справување со кризни ситуации и унапредување на системот за заштита и спасување, се вели во соопштението.

Центарот за управување со кризи посочува дека ќе продолжи да ги поддржува доброволните противпожарни друштва, препознавајќи ја нивната посветеност како клучен елемент во системот за цивилна заштита. мд/вј/

Фото: ЦУК 

Остани поврзан