• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Изминатото деноноќие неколку пожари на отворено во скопско

ЦУК: Изминатото деноноќие  неколку пожари на отворено во скопско

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало неколку пожари на отворено на територијата на државата.

- Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) од 13:10 часот до 16:00 часот со пет пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 метари квадратени кај местото „Три Круши“ во општина Кисела Вода, од 14:30 до 15:00 часот со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ во општина Карпош, од 15:55 до 16:40 часот со четири пожарникари и едно противпожарно возило возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 метари квадратени кај село Стајковци во општина Гази Баба и од 17:05 до 17:30 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на  запалена ниска вегетација на површина од 300 метари квадратени во населбата „Шуто Оризари“ во општина Шуто Оризари, соопшти утрово ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици биле 55,82 отсто,  а 44,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи. Кон Полицијата биле упатени 62,35 отсто, кон Итната медицинска помош 29,15 отсто, a кон пожарникарите 6,88 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан