• петок, 05 декември 2025

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

Москва, 12.јули 2025 (МИА) - Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата. 

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.   мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан