• вторник, 20 јануари 2026

Црногорската полиција интервенираше во Зета, приведен градоначалникот Асановиќ

Црногорската полиција интервенираше во Зета, приведен градоначалникот Асановиќ

Подгорица, 30 декември 2025 (МИА) - Црногорската полиција утрово интервенираше во местото Ботун, општина Зета, каде што локалните жители се обидоа да го спречат почетокот на изградбата на централната пречистителна станица за отпадни води. Меѓу приведените е и градоначалникот на Зета, Михаил Асановиќ.

Проектот, кој е клучен за заштитата на реката Морача и Скадарското Езеро, се соочува со силен отпор од локалната заедница предводена од Милан Кнежевиќ, лидер на Демократската народна партија. Кнежевиќ, кој е пратеник, пружи пасивен отпор на полициското приведување и најави дека неговата партија ќе излезе од владејачката коалиција поради полициската репресија.

Овој инфраструктурен проект е дел од преговарачкото поглавје 27 со ЕУ и е поддржан со грант од Унијата и кредит од германската развојна банка КфВ (KfW). Секое одложување на работите носи ризик од губење на европските средства и забавување на интегративниот процес на Црна Гора, посочува РТЦГ. ссм/мс/

фото: архива

Остани поврзан