• петок, 05 декември 2025

„Црниот вонземјанин“ очаен - не може да најде работа

„Црниот вонземјанин“ очаен - не може да најде работа
Париз, 22 јули 2022 (МИА) - Ентони Лофредо од Франција, кој радикално го праеобрази своето тело, сакајќи да биде „црн вонземјанин“, сега се соочува со нови проблеми - тој не може да најде работа бидејќи луѓето го осудуваат... - Не можам да најдам работа, има многу негативност. Секој ден е борба, бидејќи постојано се среќавам со луѓе кои не ме разбираат и ме осудуваат. Тоа е животот - не секој разбира сè. И јас не разбирам многу работи поврзани со другите луѓе, рече тој во интернет емисијата „Клуб 113“. Заради својата цел, Французинот извадил дел од носот, како и горната усна, го пресекол јазикот, целото тело го има покриено со тетоважи и многу други потфати, со коишто привлече мноштво негативни коментари и на својот интернет-простор... Нарекувајќи го своето патување - „Проект Црн вонземјанин“. Сите хируршки зафати ги правел во Шпанија, бидејќи, во неговата родна Франција, тие се нелегални. - Не може за никого да судите. Не знаете што има во нечија глава и зошто некој го прави тоа што го прави. Клучот е во разговорот!, додаде тој. Тој притоа истакна дека се смета за нормална личност и сака луѓето да го разберат тоа.  си/

Остани поврзан