• понеделник, 13 мај 2024

Циципас ќе испадне од топ 5, Руне ќе стане број 4

Циципас ќе испадне од топ 5, Руне ќе стане број 4

Синсинати, 17 август 2023 (МИА) - Четвртиот светски рекет Стефанос Циципас загуби од Хуберт Хуркач во третото коло на Мастерсот во Синсинати со 3:6 и 4:6.

 

Гркот не го одбрани минатогодишното финале и на следната АТП ранг-листа ќе падне на седмото место на ВТА, додека Холгер Руне сега ќе стане четврти светски рекет.

 

Хуркач победи противник во топ-10 за прв пат во 2023 година. Тој ја прекина серијата од шест порази против играчи од ова ниво. Сега неговиот биланс против тенисери од топ-10 е 15:25. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан