• четврток, 04 декември 2025

Цистерни со вода за пиење во Облешево и Чешиново утре и задутре

Цистерни со вода за пиење во Облешево и Чешиново утре и задутре

Кочани, 1 декември 2025 (МИА) -  Жителите на Облешево и Чешиново во вторник и среда, 2 и 3 декември, ќе имаат на располагање цистерни со чиста вода за пиење. Поставувањето на цистерните е предвидено поради потребата од обезбедување алтернативно водоснабдување во двете населени места.

Цистерната во Облешево ќе биде поставена пред зградата кај „Жито маркет“ и ќе биде достапна од 08:00 до 11:00 часот, информираат од Локалната самоуправа на Општината Чешиново - Облешево, каде во текот на изминатиот викенд повеќе населени места беа изложени на низа проблеми од водената стихија, предизвкана од неколкудневните обилни дождови.

Во Чешиново, граѓаните ќе можат да земат вода од цистерната што ќе биде лоцирана пред Домот на културата, односно паркот, во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

Надлежните апелираат граѓаните кои ќе полнат вода со себе да понесат соодветни садови.ис/са/

Фото: Општина Чешиново - Облешево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан