• вторник, 05 ноември 2024

Ципрас: Време е да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа

Ципрас: Време е да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа
Атина, 16 декември 2020 (МИА) – Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас по повод наградата за мир што ја добија заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина. -Чест е да се прими Хесенската награда за мир и да се сподели со пријател како Зоран Заев. Се надевам дека тоа им дава сила на луѓето во Северна Македонија да продолжат да се борат за нивната добро заслужена и долго очекувана европска иднина. Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша Ципрас на „Твитер“. Претседателот на Покраинскиот парламент на Хесен Борис Рајн во понеделникот, на специјална онлајн церемонија, Хесенската наградата за мир за 2020 година им ја додели на премиерот Зоран Заев и на поранешниот грчки  премиер Алексис Ципрас. ср/са/

Остани поврзан