• петок, 22 ноември 2024

ЦИК на Косово: На изборите излегле 1.567 граѓани, најмногу гласови за Самоопределување и ДПК 

ЦИК на Косово: На изборите излегле 1.567 граѓани, најмногу гласови за Самоопределување и ДПК 

Приштина, 23 април 2023 (МИА) - Косовската Централна изборна комисија соопшти дека на локалните избори на северот на Косово излегле 1.567 граѓани од над 45.000 кои имале право на глас.

Вонредни локални избори денеска се одржаа во четири општини со мнозинско српско население: Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ.

Според ЦИК, за време на изборниот процес не се забележани инциденти. Најмногу гласови добиле кандидатите на Самоопределување и на ДПК.

На локалните избори беа пријавени десет кандидати, од кои само еден беше од српската заедница - Слаѓана Пантовиќ, независен кандидат за градоначалник на општина Звечан.

Официјален Белград и Српска листа - најголемата партија на Србите во Косово, ги повикаа српските гласачи да ги бојкотираат изборите.

Тие бараат прво да се формира заедница на српски општини и да се повлечат специјалните единици на косовската полиција од север.

Општините на северот на Косово се без градоначалници од ноември минатата година, кога српските претставници поднесоа оставки од своите функции, поради несогласување со одлуката на Владата во Приштина да ги пререгистрира автомобилите со српски таблички.рп/са/

Остани поврзан