• четврток, 21 ноември 2024

ЦИК: Излезноста до 15 часот на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто

ЦИК: Излезноста до 15 часот на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто

Софија, 2 април 2023 (МИА) - Заклучно со 15 часот излезноста на гласачите на изборите во Бугарија изнесува 27,27 отсто, а најмал одзив на гласачите има во Сливен - 21,99 отсто, додека највисок е Софија - 34,59 отсто, изјави на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија (ЦИК), Росица Матева.

БТА потсетува дека до 11 часот излезноста на гласачите во Бугарија беше 8,97 отсто.

За споредба со претходните парламентарни избори од 2 октомври 2022 година, излезноста во 15 часот беше 25,58 отсто. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан