• сабота, 23 ноември 2024

Центар Жупа утре без вода 14 часа

Центар Жупа утре без вода 14 часа
Дебар, 7 јуни 2022 (МИА) - Утре во периодот од 8 до 22 часот, ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење во Општина Центар Жупа, поради планирани зафати на водоводот Росоки-Дебар. Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард”- Дебар кое стопанисува со водоводот, прекинот во водоснабдувањето е поради продолжување на проектот за замена на старите вентили, што почна со реализација во ноември минатата година. - Утре ќе ги менуваме воздушните и испусните вентили на кракот кој се одвојува од Мелнички Мост кон Центар Жупа, поставени пред три и пол децении, кога е и изграден водоводот. Од корисниците бараме разбирање и трпение, зашто секој зафат е во правец на што понормално снабдување, рече Каба. Проектот се реализира со средства од буџетот на Општина Дебар, а работите ги изведува фирмата „СмС холдинг” – Скопје, заедно со вработените на „Стандард”.вт/фф/

Остани поврзан