• понеделник, 23 декември 2024

Центарот на Портланд, Нуркиќ ја скрши раката на мечот со Индијана (видео)

Центарот на Портланд, Нуркиќ ја скрши раката на мечот со Индијана (видео)
Портланд, 15 јануари 2021 (МИА) - Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ се здоби со скршеница на десната рака на натпреварот против Индијана (87:111), објави прес-службата на Трејл Блејзерс.

Во третата четвртина, Босанецот по еден дуел со противничкиот играч Мајлс Тарнер, падна на паркетот и ја повреди раката. Дваесет и шестгодишниот кошаркар го напушти теренот и не беше во можност да ја заврши играта. Во НБА сезоната 2020/21, Нуркиќ има просек од 10,3 поени, 7,6 скока и 2,8 асистенции по натпревар. зс/

Остани поврзан