Целосно реновирано ПОУ „Кочо Рацин“ во Огњанци
- Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, председателот на Советот Блаже Никчевски и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец Виолета Јаневска го посетија подрачното училиште „

Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, председателот на Советот Блаже Никчевски и директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец Виолета Јаневска го посетија подрачното училиште „Кочо Рацин“ во село Огњанци, кое е целосно реновирано.
Како што информира Општина Петровец, во ова училиште шест стари врати беа заменети со нови ПВЦ внатрешни врати , поставени се 15 нови прозорски стакла, нова влезна врата, олуци, а реновирани се надворешната и внатрешната фасада.

Градоначалникот Митевски, Никчевски и директорката Јаневска остварија средба со учениците од ова училиште, на кои, како што се наведува, им укажаа да се грижат за ентериерот и хигиената во и околу училишната зграда. мд/лв/