Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас на булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“
- Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, изминатиот период интензивно работеа и хортикултурно го уредија зелениот коридор на потегот на аголот помеѓу улицата „Февруарски по
Скопје, 25 јуни 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, изминатиот период интензивно работеа и хортикултурно го уредија зелениот коридор на потегот на аголот помеѓу улицата „Февруарски поход“ со булевар „Видое Смилевски Бато“ до булевар „Србија“.
- Површината од 3.635 квадратни метри претставува нов зелен коридор помеѓу коловозната лента и вело патеката, а 12.517 квадратни метри припаѓаат на широкиот појас до патеките што целосно се реконструирани и асфалтирани. Реализацијата на овој потег опфати неколку последователни етапи со што се добива зелена реконструирана и хортикултурно уредена површина од над 16.000 квадратни метри, информираат од Град Скопје.
На целата површина поставен е и нов систем за наводнување, засадена вегетација и формирани се нови тревници.
- Новото зеленило го сочинуваат листопадни и зимзелени садници. Изборот на видовите е направен за да се добие естетски и функционално уредена површина, која ќе ги задоволи потребите на пешаците, велосипедистите и на учесниците во сообраќајот на овие фреквентни булевари, се додава во соопштението. сп/