• понеделник, 23 декември 2024

Целосно изгаснат пожарот кај „Комуна“, нема повредени, има материјална штета

Целосно изгаснат пожарот кај „Комуна“, нема повредени, има материјална штета
Скопје, 21 мај 2022 (МИА) – Во магацински простор кај старата скопска фабрика „Комуна“ избувна пожар, а дојавата во скопската Бригада за противпожарна заштита е примена во 4.55 минути. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески за МИА изјави дека за кратко време пожарот е ставен под контрола, целосно е изгаснат и не е дозволено да се прошири во останатите објекти во кругот на фабриката. Нема повредени, но е причинета материјална штета. Томески информира дека по дојавата веднаш се упатени девет противпожарни возила со 20 пожарникари, а станувало збор за магацински  протстор во кој била складарна пластика за понатамошна рециклажа. - Карактеристично е што во кругот на фабриката и во објектите немаше функционална хидрантска мрежа, потенцираше за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески. цр/рп/

Остани поврзан