• четврток, 16 мај 2024

Царовска: Во највисок интерес на учениците е да ги користат дигиталните уреди со дигиталните учебници

Царовска: Во највисок интерес на учениците е да ги користат дигиталните уреди со дигиталните учебници
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Во највисок интерес не на образовниот систем, во највисок интерес на учениците е да ги користат дигиталните уреди со дигиталните учебници за да може да постигнеме еден од стандардите, а тоа е дигитална писменост затоа што тоа е само почеток на дигиталната писменост, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска. Таа информираше дека МОН набави 10 илјади таблети и ги подготви навреме учебниците кои што се достапни на е-biblioteka.gov.mk каде секој може да ги погледне. - Дополнително, испечативме 20 проценти од вкупниот потребен тираж за четврто одделение и се дистрибуираа до училишните библиотеки за да во случај некое училиште има дете кое што не може да следи на дигитален уред или нема електрична енергија во семејната куќа да може да се  додели таков учебник и секако тие учебници се користат и доколку е потребно во училиштето, сподели Царовска. Како што кажа, нема потреба од дополнително печатење, но, има родители, кои што сепак инсистираат да им ги испечатат учебниците на нивните ученици. - Тоа укажува дека тие во тој момент работат директно спроти интересите на нивното дете. Зошто го велам тоа? Затоа што процесот на дигитално описменување  е низ овие учебници каде што учениците учат да следат текст во учебникот, имаат можност да видат видео содржина која што е потребна за одредена лекција, имаат можност да решат квиз, а сето тоа не се во можност да го прават ако имаат испечатен учебник, кажа Царовска. Дополни дека во другите развиени држави дигиталното описменување во тие одделенија започнува и со кодирање и други типови на јазици кои што ги учат сè со цел да бидат поподготвени за втората половина на 21 век, кое што нужно покажува дека ќе бара дигитално писмено население. Во однос на прашањето за процентот на заразени ученици со Ковид-19, таа како последен податок ја истакна информацијата од 1 октомври, според кој имаме 0,01 процент од вкупниот број на ученици кои што се заразиле, односно, кои што се појавиле како позитивни во образовен систем, а во текот на целиот месец, на дневно ниво, имало од 0,01 до 0,03 заразени ученици. - Вкупно од почетокот на учебната година до петокот имаме 0,28 проценти вкупен број на позитивни деца со физичко присуство, кои дел се веќе негативизирани и се вратени во училиште, дел се да речеме позитивни од петокот, четвртокот, средата и сè уште се во изолација. Но, вкупниот број на идентификувани е 0,28 проценти, кажа Царовска. Царовска изјави дека МОН и Министерството за здравство се во постојана координација, и во моментот кога деталите за скринингот кој што треба да се направи заради потребите на Комисијата за заразни болести, и заради подетално и посериозно следење на состојбата, ќе бидат достапни за јавноста истите ќе бидат изнесени од надлежните институции и ќе бидат презентирани како такви. ар/лв/  

Остани поврзан