Царовска и Филипче: В недела избирате слобода, демократија и просперитет
- Потпретседателите на СДСМ Мила Царовска и Венко Филипче попладнево има средби со прилепчани и ги повикаа граѓаните в недела да излезат и да гласаат за најдоброто за нивната општина, заокружу

Прилеп, 15 октомври 2021 (МИА) - Потпретседателите на СДСМ Мила Царовска и Венко Филипче попладнево има средби со прилепчани и ги повикаа граѓаните в недела да излезат и да гласаат за најдоброто за нивната општина, заокружувајќи го бројот 12.
-Нема подобра опција од тоа бројот 12 да е вашиот избор в недела. Гласајќи за Горан Сугарески и за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, избирате слобода, демократија и просперитет, рече Царовска при средбата со прилепчани.
Царовска рече дека владејачката партија за овој исклучително краток период од четири години успеа да инвестира во низа проекти и процеси со кои, како што рече, се модернизираат и се унапредуваат образованието, детската и социјалната заштита.
-Во Општина Прилеп и во населените места се завршени, или се во тек реконструкции, изградби и санации на речиси сите училишни објекти. Завршена е санацијата на електрична инсталација во Основното училиште „Блаже Конески“, реновирани се санитарните јазли во средното училиште „Орде Чопела“. Во тек се реконструкцијата на Гимназијата „Мирче Ацев“ и уште други инвестиции во детските градинки. При крај е изградба и на новата спортска сала, а во план е и реконструкција на студентскиот дом во Прилеп. Продолжуваме и во следните четири години да градиме според план и да вложуваме во проекти и во процеси важни за децата и за младите, порача Царовска.
