Царинската управа ќе промовира Систем за податочен склад и анализа на ризик
- Царинската управа ќе промовира Систем за податочен склад и анализа на ризик, реализиран со грант од Република Кореја, во висина од 4,75 милиони долари.
Скопје, 16 декември 2025 (МИА) - Царинската управа ќе промовира Систем за податочен склад и анализа на ризик, реализиран со грант од Република Кореја, во висина од 4,75 милиони долари.
Системот на прес-конференција во Царинската управа во Скопје ќе го промовираат директорот Бобан Николовски и Ли Мијонг Ку, директор на Царинскиот сервис на Република Кореја.
- Прес-конференцијата ќе се одржи веднаш по состанокот на високо ниво на кој присуствуваат претставници на државно ниво од двете страни, информира Царинската управа. лв/мд/
фото: МИА архива