• вторник, 16 јули 2024

Хутите нападнале три американски бродови

Хутите нападнале три американски бродови

Сана, 16 јули 2024 (МИА) – Исламистичките бунтовници Хути од Јемен нападнаа три брода, вклучително и танкер за нафта во Црвеното и Средоземното Море, користејќи балистички ракети, дронови и чамци преполни со експлозиви, потврди американската војска.

Армијата на Хутите соопшти дека најновите воени операции биле одговор на саботниот израелски воздушен напад врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во кој загинаа најмалку 90 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.

Во десетици напади од ноември, Хутите потопија два брода и зазедоа уште еден, убија најмалку тројца морнари и ја разнишале глобалната трговија, принудувајќи ги сопствениците на бродови да ја избегнуваат популарната трговска рута преку Суецкиот Канал. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан