• среда, 15 мај 2024

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридско Езеро

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридско Езеро
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро се одржува денеска во организација на СОС Детско село и велоспедското здружение MacedonianBikeRiders. Велосипедистите ќе возат 92 км под мотото „Сите деца се наши деца“. Турата почнува кај салата Билјанини извори, се вози до Хотел Дрим, граничниот премин Ќафасан, Свети Наум, Музејот на вода. Граѓаните имаат можност да ја поддржат оваа хуманитарна велосипедска тура со индивидуални донации на линкот https://sos.org.mk/bidihuman/. Организаторите нагласуваат дека целта е да се обезбедат средства за 60 деца без родителска грижа да имаат безгрижен летен одмор во Струга. ац/  

Остани поврзан