• петок, 15 ноември 2024

Хортикултурно уредување на Китино Кале

Хортикултурно уредување на Китино Кале

Кичево, 16 мај 2021 (МИА) - Паралелно со реконструкцијата и ревитализацијата на Китиното Кале, вработените од ЈКП „Комуналец“ Кичево хортикултурно ги уредуваат површините во делот каде што се наоѓаат големите фонтани.Се засадуваат повеќе видови цвеќиња кои што со редовното наводнување и третирање значително ќе го променат изгледот на овој дел од култното Кичевско кале.

-Деновиве имавме активности на Китино Кале каде на одредени површини засадивме повеќе видови цвеќиња. Овие цвеќиња допрва треба да го разубават просторот откако ќе пораснат и редовно ќе се третираат. Единствено би упатил апел до сите мои сограѓани и нивни гости да не ги корнат овие цвеќиња и да не ги кршат, затоа што убавото кале ќе биде и од нивна корист, вели директорот  Зенел Јонузи.

Тој најави дека вработени во јавното претпријатие треба деновиве да се ангажираат на оспособување на пумпите за фонтаните изградени на Китино Кале.

-Покрај хортикултурното уредување на Китино Кале деновиве треба да изведеме повеќе зафати со кои ќе ги оспособиме пумпите за вода за да почнат да функционираат фонтаните на овој простор. Бидејќи доаѓа потоплиот дел од годината, со целосното оспособување на овие пумпи ќе проработат и фонтаните кои ќе бидат и посебен украс на целиот простор. Водата за овие фонтани ќе има кружно вртење и нема да се трошат дополнителни количества од градскиот водовод, додаде директорот Јонузи и упати уште еден апел до граѓаните кои во наредниот период ќе го посетуваат калето, да не фрлаат тврди предмети и било каков отпад во фонтаните, бидејќи се нарушува нивната естетика, а може да дојде и до и зачепување на одводите, истакна тој.

Претходно беа засадени цвеќиња и во жардињерите на булеварот Ослободување и центарот на градот, кои редовно се наводнуваат капка по капка. за/сст/

Остани поврзан