• петок, 22 ноември 2024

Хонгконг: Четири лица уапсени поради кривични дела кон новиот закон

Хонгконг: Четири лица уапсени поради кривични дела кон новиот закон
Хонгконг, 30 јули 2020 (МИА) - Полицијата во Хонгконг уапси четири лица, на возраст меѓу 16 и 21 година, поради сомнеж дека извршиле кривични дела кон новиот Закон за национална безбедност на тој град. Тоа се први апсења од таков вид, независно од уличните протести, откако законот стапи во сила пред еден месец. Портпарол на полицијата истакна дека три момчиња и една девојка се осомничени дека учествувале во онлајн група, која ветила дека ќе ги употреби сите можни средства со цел да се избори за независност на Хонгконг. Началникот во одделот за национална безбедност Ли Кваи-вах изјави дека тие се уапсени поради субверзија и организирање и поттикнување сецесија. - Тие планирале да ги обединат сите независни групи во Хонгконг во однос на промовирање независност на Хонгконг, нагласи Ли. Полицијата соопшти дека во акцијата биле запленети неколку мобилни телефони, компјутери и документи. Новиот закон ги криминализира сецесијата, субверзијата, тероризмот и договорите со странски сили. гт/

Остани поврзан