• петок, 22 ноември 2024

Холанѓанецот Стротман ја засили Џенова

Холанѓанецот Стротман ја засили Џенова
Џенова, 14 јануари 2021 (МИА) – Холанѓанецот Кевин Стротман го напушти Олимпик Марсеј и премина како позајмен играч до крајот на сезоната во редовите на Џенова, за која настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Триесетгодишниот играч за врска веќе има искуство во Серија А, откако од 2013 до 2018 година го носеше дресот на Рома, од каде за 25 милиони евра се пресели во францускиот прволигаш од Марсеј. Џенова по 17 кола во италијанскиот шампионат е на 17 место со 14 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање.ег/

Остани поврзан