Холанд прв пат не даде гол за Борусија Дортмунд, која пак прв пат сезонава загуби два натпревари во низа
- Во последниот саботен натпревар од 21. бундеслигашко коло, Борусија Дортмунд вечерва загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен со 4:3. За „милионерите“ ова е прв пат оваа сезона да „врзат“ дв

Леверкузен, 8 февруари 2020 (МИА) – Во последниот саботен натпревар од 21. бундеслигашко коло, Борусија Дортмунд вечерва загуби на гостувањето кај Баер Леверкузен со 4:3. За „милионерите“ ова е прв пат оваа сезона да „врзат“ два пораза.
Претходно, Борусија загуби од Вердер Бремен (3:4) во Купот на Германија.
Воедно, ова е прв натпревар откако е во нивните редови, да не се запише во листата на стрелците Ерлинг Холанд. Норвешкиот фудбалер претходно постигна осум голови на четири средби
Борусија Дортмунд е трета на табелата во Бундеслигата со 39 бода, Баер Леверкузен е петти со два бода помалку. зс/