Хилари Свонк на 48 години роди близнаци
- Пресреќната американска глумица во објавата напиша - „не беше лесно, но вредеше“, покрај фотографија на која ги држи своите малечки со грб кон камерата и гледа кон океанот.

Лос Анџелес, 10 април 2023 (МИА) - Познатата двојна „оскаровка“ Хилари Свонк роди близнаци на 48 години. Се работи за девојче и момче. Таа ја објави веста денеска на својот Инстаграм-профил.
Пресреќната американска глумица во објавата напиша - „не беше лесно, но вредеше“, покрај фотографија на која ги држи своите малечки со грб кон камерата и гледа кон океанот. „Среќен Велигден! Вака е во чистиот рај“, додаде таа.
Хилари не ги соопшти имињата на своите деца и не даде повеќе подробности.
Опсипана со честитки, објавата во првиот час им се допаднала на околу 100.000 луѓе. си/сд/
Фото: МИА архива.