Хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода на пожарот кај Блаце
- Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информираа вечерва од МВР.

Скопје, 6 јули 2025 (МИА) - Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информираа вечерва од МВР.
Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК се вклучија во активности за гаснење на пожарот кај Блаце со хеликоптер Бел 412.
Пожѓарот кај Блаце е меѓу петте активни пожари а отворено во државава, а интервенира и Бригадата за противпожарна заштита со пет возила и 20 пожарникари.лв/
фото:ДЗС