• понеделник, 25 ноември 2024

ХДЗ казнета со околу 460.000 евра за случајот „Фими медиа“

ХДЗ казнета со околу 460.000 евра за случајот „Фими медиа“
Загреб, 13 ноември 2020 (МИА) - Владејачката Хрватска демократска унија (ХДЗ) е казнета со 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра) од страна на Жупанискиот суд во Загреб, а ќе им бидат одземени вкупно 14,5 милиони куни (1,9 милиони евра) за случајот со маркетинг агенцијата „Фими Медиа“. Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата. Во овој случај, неговата партија ХДЗ беше прогласена за одговорна за корупција. Во пресудата, меѓу другото, се наведува дека Санадер, во својство на поранешен премиер и претседател на ХДЗ, со неговите соработници Младен Баришиќ и Бранка Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат злосторства. Наведено е дека во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер за да добие материјална корист и наредил на Павошевиќ во деловните книги да не ги бележи парите што му се предадени на Баришиќ. Баришиќ е осуден на две години и 10 месеци затвор, а Павошевиќ на вкупно една година и четири месеци затвор. Дел од парите на ХДЗ се веќе блокирани и станува збор за два милиони куни (265.000 евра) и 300.000 евра, кои ќе бидат префрлени во државниот буџет по правосилноста на пресудата. паг/    

Остани поврзан