• понеделник, 23 декември 2024

Хасан во посета на Еуро Брик: Владата и компаниите се во непрекината комуникација со цел зајакнување на соработката

Хасан во посета на Еуро Брик: Владата и компаниите се во непрекината комуникација со цел зајакнување на соработката
Скопје, 10 јули 2020 (МИА) - Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денеска оствари работна посета на македонско-турската компанија за производство на цигли, Еуро Брик во Велес, каде истакна дека Владата и компаниите одржуваат непрекината комуникација со цел зајакнување на соработката и добивање најдобри резултати. Оваа компанија е корисник на финансиска поддршка согласно Законот за Финансиска поддршка на инвестиции, кој има за цел директна поддршка на инвестициите и поттикнување на компаниите да се развиваат и да го зголемуваат производството. Министерот во склоп на својата посета на Велес остварил средба со граѓани. При средбата со граѓаните, како што соопшти владината прес-служба, тој ги сослушал нивните барања и проблеми и разговарале за замислите и плановите на коалицијата за натамошниот период. -Министерот Елвин Хасан е заменик претседател на Партијата за движење на турците која е дел од коалицијата Можеме. Партијата за движење на турците и во периодот на опозиција се залагаше за градење на демократско општество со европски вредности каде што секој е еднаков и малите етнички заедници се рамноправни со останатите и уживаат во истите права, се наведува во соопштението на Владата. Коалицијата, како што се наведува во соопштението, се залага за подобрување на квалитетот на граѓаните и во изминатите години власт постигнала значителни резултати со покачување на пензиите, субвенциите како и минималната плата која од 9.000 се покачи на 14.500 и која до 2024 се планира да стигне до 20.000.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан