• недела, 22 декември 2024

Хасани на форумот во Дубровник во дуел со Лајчак: Држете се до дијалогот, ќе бидеме среќни ако постигнете резултати

Хасани на форумот во Дубровник во дуел со Лајчак: Држете се до дијалогот, ќе бидеме среќни ако постигнете резултати

Тирана, 30 јуни 2024 (МИА) - На панелот на Форумот во Дубровник, каде што учествуваат дипломати од регионот, меѓу кои и пратеникот на ЕУ Мирослав Лајчак и помошникот секретар за Европа и Евроазија Џејмс О'Брајан, дошло до расправија меѓу шефот на албанската дипломатја, Игли Хасани и специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На прашањето на модераторот Мајкл Мартенс дали процесот за членство во ЕУ е процес заснован на заслуги, албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани упатил критики велејќи дека „центрипеталните сили кон ЕУ се зголемиле“, дека Албанија ќе продолжи да ги исполнува бараните критериуми и оти тоа не го прави поради ЕУ, туку поради самата себе.

- Тешко ми е да разберам дека мојата земја организираше само меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, а исто така и другите. Тоа е тоа, рекол тој, осврнувајќи се на првата конференција Албанија-ЕУ во 2022 година за отворање на преговорите.

На ова реагирал Лајчак, кој е специјален претставник за Западен Балкан и посредник во дијалогот Косово-Србија.

- Чувствувам обврска да одговорам на прашањето што го постави министерот Хасани. Мислам дека овој процес е апсолутно заснован на заслуги. Има многу политика и геополитика во подготвителната фаза, одлуката за доделување кандидатски статус, поканата за отворање преговори за членство, но штом си во процес на членство, мора да ги исполниш критериумите, нема покус пат, изјавил Лајчак.

На оваа констатација веднаш реагирал шефот на албанската дипломатија.

- Никогаш не кажавте кратки патеки, и покрај почитта што ја имате за дијалогот Белград-Приштина. Затоа, сакам да бидам јасен за една работа. Немаме услови за условите што ни се наметнати. Да бидам јасен за ова, рекол Хасани, на што Лајчак реагирал со зборовите „не сум тука да полемизирам со тебе Игли“.

Веднаш реагирал Хасани кој директно побарал од него да се занимава со дијалогот Косово-Србија, дури иронично споменувајќи ги резултатите.

- Да, да, но држете се до дијалогот, ќе бидеме среќни ако имате некакви резултати, ќе поддржиме, ќе продолжиме да поддржуваме како што направивме...но, држете се до дијалогот, му рекол Хасани.

„Мојот мандат е поширок од дијалогот, регионалните прашања“, одговорил Лајчак. вт/паг/

Остани поврзан