• недела, 22 декември 2024

„Хари Потер“: 20-годишнина

„Хари Потер“: 20-годишнина
Лос Анџелес, 16 ноември 2021 (МИА) - Оригиналната актерска екипа од серијалот „Хари Потер“ ќе биде повторно обединета 20 години по првиот филм. Специјалното издание на „Ејч-би-о макс“, со наслов „Враќањето во Хогвортс“ ќе биде објавено на 1 јануари 2022 година, соопшти стрим-платоформа. https://www.youtube.com/watch?v=Asm5LwWeXrs Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ќе му се придружат на американскиот режисер Крис Колумбус за да разговараат за филмовите и да го истражат нивното создавање. Специјалното издание ќе им покаже на обожавателите „магично патување во прво лице низ еден од најомилените филмски серијали на сите времиња“, како што соопшти „Ејч-би-о макс“. Програмата е објавена точно 20 години од американското прикажување на првиот филм - „Хари Потер и Каменот на филозофот“, на 16 ноември 2001 година. Трејлерот од 52 секунди прикажува исечоци од неколкуте светски познати филмови и ветува дека „легендарната актерска екипа“ ќе се врати „таму каде што магијата започна“. На триото ќе му се придружат и други ѕвезди, како Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон и Том Фелтон.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан