Хамилтон именуваше двајца спортисти кои го мотивираат
- Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон кажа кои спортисти го инспирираат.

Маранело, 31 март 2025 (МИА) - Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон кажа кои спортисти го инспирираат.
- Мухамед Али и веројатно Мајкл Џордан се оние на кои најмногу гледав како на идоли. Џордан ме импресионираше со неговата упорност и пристап. Али, ми се чини, имаше неверојатна самодоверба. Неговата апсолутна верба во себе беше над сите околности. Сфатив дека треба да ги развијам истите тие особини доколку сакам да станам величина, изјави Хамилтон за прес-службата на Ферари.
Британецот оваа сезона вози за Ферари. На првите две трки немаше забележителни резултати.
Третата етапа од шампионатот во Формула 1 ќе се одржи од 4 до 6 април во Сузука (Јапонија). зс/
Фото: ЕПА