• понеделник, 15 јули 2024

Хамес Родригез е прогласен за најдобар играч на Копа Америка 2024 година

Хамес Родригез е прогласен за најдобар играч на Копа Америка 2024 година

Мајами, 15 јули 2024 (МИА) - Колумбискиот репрезентативен играч за врска Хамес Родригез е прогласен за најдобар фудбалер на Купот на Америка во 2024 година.

Триесет и тригодишниот Родригез на турнирот постигна еден гол и направи шест асистенции на шест натпревари.

Рано утрово Колумбија загуби од Аргентина (0:1) по продолженија во финалето на Копа Америка 2024 година. Родригез влезе на теренот во почетниот состав и беше заменет на стартот од продолженијата.

Од летото 2023 година, Родригез настапува за бразилскиот Сао Паоло. Претходно играше за Олимпијакос, Ал Рајан, Евертон, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан