• недела, 06 октомври 2024

Хамас ја обвинува израелската армија за кражба на органи од тела на убиени Палестинци

Хамас ја обвинува израелската армија за кражба на органи од тела на убиени Палестинци

Газа, 27 декември 2023 (МИА) – Властите на Хамас во Газа денеска го обвинија Израел за кражба на органи од телата на Палестинците предадени на Хамас и повикаа на меѓународна истрага.

Според Хамас, при прегледот на телата било откриено дека нивната форма била значително изменета поради кражба на витални органи, пренесува Анадолија. Се додава дека израелската армија ги предала телата без имиња и одбила да прецизира од каде се донесени, поради што Министерството за здравство на Газа сè уште се обидува да ги идентификува.

Хамас, исто така, го критикуваше „молкот на меѓународните организации кои дејствуваат во Газа, вклучително и Црвениот крст, во врска со „таквото страшно злосторство од страна на окупаторите“.

Израелските власти вчера предадоа тела на 80 Палестинци кои беа убиени од израелската армија и заробени за време на копнената офанзива во Газа. Министерството за здравство во Газа ги прими телата преку граничниот премин Керем Шалом на југот на Појасот Газа.

Израелските власти се уште не ги коментирале наводите на Хамас. јт/

Фото: МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан