• недела, 22 декември 2024

Хакиран сајтот на Тајм.мк

Хакиран сајтот на Тајм.мк
Скопје, 16 јули 2020 (МИА) - Хакерска група ноќва го хакираше сајтот на агрегаторот на вести Тајм.мк. На веб-страницата на агрегаторот се појавува фотографија на група која себеси се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте нè“. - Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група. Вечерва и претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, соопшти дека веб-страницата на Комисијата најверојатно е цел на „надворешен хакерски напад“. сп/ац/

Остани поврзан