Хакими пред потпис со Интер
- Ди Марцио исто така тврди дека Баерн и Сити биле подготвени да понудат 60 милиони евра и плата за Хакими, многу поголема од петте милиони евра што ќе ги добие од гигантот од Милано во секоја
Милано, 27 јуни 2020 (МИА) - Екипата на Интер ги совлада екипите на Баерн Минхен и Манчестер Сити за потписот на Ашраф Хакими од Реал Мадрид, тврди италијанскиот новинар Џaнлука Ди Марцио. Според него, „нероазурите“ ќе платат 45 милиони евра, а трансферот ќе биде финализиран денес, со тоа што „белите“ првично добија 40 милиони евра, а остатокот во форма на бонуси.
Ди Марцио исто така тврди дека Баерн и Сити биле подготвени да понудат 60 милиони евра и плата за Хакими, многу поголема од петте милиони евра што ќе ги добие од гигантот од Милано во секоја од следните пет сезони. Сепак, Мароканецот сметал дека Интер е „совршен чекор“ за следната фаза од неговиот развој заради амбициите на клубот.
Дваесет и едно годишниот дефанзивец ги помина последните две сезони на позајмица во Борусија Дортмунд, постигнувајќи 12 голови и обезбеди 17 асистенции на 72 одиграни натпревари.
Тој можеби веќе го одигра својот последен натпревар за Дортмунд, со оглед дека тие веќе се безбедни за второто место во Бундеслигата.