• недела, 22 декември 2024

Хакерите годинава украле две милијарди долари во криптовалути

Хакерите годинава украле две милијарди долари во криптовалути

Вашингтон, 26 декември 2023 (МИА) – Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари во криптовалути, но оваа сума е помала од минатата година, соопштија компании специјализирани за кибер безбедност.

Компанијата „Дифај“(De.Fi) верува дека хакерите во оваа 2023 година присвоиле две милијарди долари во криптовалути, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува постојаната ранливост и предизвиците во рамките на екосистемот „Дифај“, пишува порталот ТечКранч (TechCrunch).

Компанијата за блокчејн „ТРМ Лабс“ (TRM Labs) претходно во декември процени дека хакерите само годинава украле криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.

Ваквиот исход е подобар од тој во 2022 година, годината кога, според „Чаиналисис“ (Chainalysis), хакерите украдоа рекордни 3,8 милијарди долари во криптовалути.

„Најуспешни“ на овој пазар на кражби на криптовалути со хакерски напади лани беа хакерите од Северна Кореја, познати како „Групацијата Лазар“, кои украдоа криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан