• сабота, 23 ноември 2024

Хабиб: Му ветив на мојот покоен татко дека ќе победам

Хабиб: Му ветив на мојот покоен татко дека ќе победам
Лас Вегас, 25 октомври 2020 (МИА) - Хабиб Нурмагомедов го побди Џастин Гејџи и по трет пат ја одбрани титулата во лесна категорија УФЦ, но веднаш објави крај на кариерата. Дагестанецот ја објасни својата одлука со тоа што тој не сакаше и не можеше да влезе во октагонот без неговиот покоен татко, кој почина на почетокот на јули. - Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Дастин (Порие) и Конор ќе се борат во јануари, но не ми е гајле. Кога потпишав со УФЦ во 2012 година, многу луѓе се сомневаа во мене затоа што дојдов од мал град во Дагестан. Уште не можам да верувам, сега сè дојде на мои плеќи. Останав само со еден родител и ќе мора да се грижам за моето семејство, рече Хабиб.

Тагови

Остани поврзан