• вторник, 12 ноември 2024

„Хаарец“: ИДФ врши етничко чистење на северот од Појасот Газа

„Хаарец“: ИДФ врши етничко чистење на северот од Појасот Газа

Газа, 10 ноември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) спроведуваат операција за етничко чистење во северниот дел на Појасот Газа, пишува денеска израелскиот весник „Хаарец“.

Според весникот, Палестинците кои останале во областа за време на новата израелска офанзива во моментов се насилно евакуирани.

„Во таа област се градат широки патишта и се комплетира одвојувањето на (палестинските) заедници во северниот појас од центарот на градот Газа“, пишува израелскиот весник.

 Палестинското Министерство за здравство ја ја окарактеризира ситуацијата на северот од Газа како „катастрофална“.

Според Министерството, бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа се искачи на околу 43.552, додека бројот на ранети достигна 102.765.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан