• недела, 22 декември 2024

Ф1: Бразилецот Бортолето официјално во Заубер

Ф1: Бразилецот Бортолето официјално во Заубер


Лондон, 6 ноември 2024 (МИА) – Формула 1 тимот Заубер објави денеска дека потпишал договор со 20-годишниот Бразилец Габриел Бортолето како втор возач од следната сезона.
Во клупското соопштение се прецизира дека Бортолето ќе му се придружи на германскиот ветеран Нико Хулкенберг, кој доаѓа во Заубер од редовите на Хаас.
Тимот и официјално се збогуваше со своите актуелни возачи, Финецот Валтери Ботас и Кинезот Жоу Гуанју, кои на крајот од сезоната ќе го напуштат тимот по тригодишна соработка.
Заубер е единствениот тим во Ф1 кој нема освоено бод оваа сезона.
„Во моментов сме сведоци на промена на генерации во Формула 1, со млади возачи кои веднаш носат резултати“, изјави извршниот директор на Заубер, Гернот Доелнер и додаде: „Со потпишувањето на договорот со Габриел Бортолето обезбедивме еден од врвните таленти. Неговиот потпис ја нагласува долгорочната стратегија на Ауди и посветеноста кон Формула 1“.
Бортолето минатата година го освои шампионатот во Формула 3 како дебитант, а во моментов е лидер и во шампионатот во Формула 2.
Со ангажманот во Заубер, младиот Бортолето стана првиот бразилски возач со постојана возачка позиција во Формула. 1 од Фелипе Маса, кој ја заврши кариерата во 2017 година. ег
ФОТО: Фејсбук
 

 

Остани поврзан