• сабота, 18 мај 2024

Фудбалер запросен од девојката, се расплака и рече „да“

Фудбалер запросен од девојката, се расплака и рече „да“
Мадрид, 29 септември 2021 (МИА) - Иако шпанскиот фудбалски четвртолигаш Толедо загуби дома со 4:1 од Пуертолан, главниот настан се случи по натпреварот. Напаѓачот Рубен Морено, пред сите присутни на теренот, беше запросен од неговата девојка Клаудија. Таа клекна на тревата пред него и му го покажа прстенот. Морено тогаш не можеше да ги задржи солзите, но сепак рече „да“. Тие двајца имаат и син, кој бил сведок на предлогот. си/гт/

Остани поврзан