Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност
- Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани. Лазаров има изгореници, но не е во животна опасност, информираа од ФК Шкупи.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) – Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани. Лазаров има изгореници, но не е во животна опасност, информираа од ФК Шкупи.
- Ве известуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници во пожарот и голема трагедија во текот на ноќта во Кочани. Оваа информација ја потврдивме откако контактиравме со неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање во нашиот тим.
Во овој тежок момент, на сите им изразуваме најискрено сочувство. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја.
Се надеваме дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се случат! – објави ФК Шкупи на социјалните мрежи. зс/
Фото: ФК Шкупи