• понеделник, 23 декември 2024

Френсис: Резултатите од различни избори нема да ја променат поддршката на ОН за Украина

Френсис: Резултатите од различни избори нема да ја променат поддршката на ОН за Украина

Киев, 4 јули 2024 (МИА) - Генералното собрание на ОН ќе продолжи да се залага за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина без оглед на исходот од националните избори одржани ширум светот оваа година, изјави вчера претседателот на ова тело на светската организација, Денис Френсис, забележувајќи дека „ниту една земја нема право да нападне друга земја“.

Овој став „не може да се промени, бидејќи ова е прашање на правото“, изјави Френсис за американските медиуми за време на неговата прва посета на Украина, која трета година се бори против руската инвазија.

Главното тело за креирање политики на светската организација даде широка поддршка на напорите за поддршка на суверенитетот на Украина, рече Френсис.

Но, годинашните избори во САД и неколку клучни земји од Европската Унија предизвикуваат загриженост за потенцијалните политички промени во западните земји, чија воена и финансиска поддршка беше клучна за Украина да ги попречат амбициите на Кремљ.

-На нас ќе биде со текот на времето да видиме какви ќе бидат импликациите од резултатите од тие избори врз целиот меѓународен систем, а особено за Украина, рече Френсис, изразувајќи уверување дека „народот на Украина нема да се откаже“ без разлика на исходот од тие избори.

Според него, „Украинците тоа нема да го прифатат и нема да дозволат странска доминација над нивната татковина“.

На крајот од дводневната посета на Киев, Френсис ја повика Русија „веднаш да ги повлече сите свои воени сили од територијата на Украина“, во согласност со резолуцијата на Генералното собрание што беше усвоена веднаш по избувнувањето на војната.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан