• недела, 22 декември 2024

Франција доби поддршка од вселената пред ЕУРО2020

Франција доби поддршка од вселената пред ЕУРО2020
Париз, 7 јуни 2021 (МИА) – Напаѓачот на француската репрезентацијата Килијан Мбапе стана официјално првиот фудбалер во историјата, кој воспоставил контакт со човек во вселената, добивајќи притоа поддршка пред претстојниот настап на „триколорите“ на ЕУРО2020. Како што вечерва објави УЕФА на својот официјален сајт, Мбапе, кој се подготвува за настап со Франција на претстојното Европско првенство, остварил 20-минутен разговор со својот сонародник Томас Песквет од Европската лабораторија „Колумбос“, една од трите високотехнолошки лаборатории на платформата „Бартоломео“ на Меѓународната вселенска станица (ISS), Двајцата соговорници, меѓу друго, разговарале за предизвиците кои им претстојат ова лето, а 43-годишниот астронаут му вети на Мбапе поддршка од вселената во обидот на Франција да ја освои титулата на ЕУРО2020. - Ние од вселената ќе го следиме ЕУРО. Јас веќе ја подготвив мојата топка. Моите колеги тука се навивачи на американската репрезентација, но ќе им ги објаснам правилата. Ви посакувам сè најдобро на завршниот турнир и направете не горди. Јас работам напорно за гордо да ја претставувам Франција и знам дека и вие момчиња го правите истото, му порача францускиот астронаут на Мбапе. Франција својот прв натпревар на Европското првенство го игра на 15 јуни против Германија, пред дуелите со Португалија и Унгарија во рамки на групата Ф. ег/гт/

Остани поврзан