• петок, 05 декември 2025

Франк: Фудбалот не дозволува ниту најмала грешка

Франк: Фудбалот не дозволува ниту најмала грешка

Удине, 14.август 2025 (МИА) - Фудбалерите на Тотенхем беа на чекор од освојување на Супер купот на УЕФА. Но, двата примени гола во завршницата на дуелот со европскиот првак ПСЖ  ја скрати нивната радост, бидејќи ривалот беше подобар во изведувањето на пеналите. 

- Горд сум на моите играчи, на клубот, на навивачите. Игравме против една од најдобрите екипи на светот совршени 75-80 минути. Тие имаат играчи со неверојатен квалитет и морам да бидам горд на моите играчи. Фудбалот не дозволува нити најмала грешка, решаваат ситни детали, изјави Томас Франк менаџерот на Тотенхем.

Во Супер купот одигран синоќа во Удине Тотенхем имаше водство од 2:0, а ПСЖ со двата гола во последните десет минути изедначи и потоа победи по изведувањето на пенали.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан