• сабота, 23 ноември 2024

Форум во Гостивар: На жените претприемачи им е потребна поддршка од локалната заедница

Форум во Гостивар: На жените претприемачи им е потребна поддршка од локалната заедница
Гостивар, 3 ноември 2022 (МИА) - Женското претприемништво се соочува со многу можности и предизвици. Неопходна му поддршката од локалните заедници за да опстане и да се развива. Оваа беше констатирано на денешниот форум што се одржа во Гостивар на тема „Жените во Полог можат да отворат бизнис“, во организација на Националната платформа за женско претприемништво. На форумот се говореше за успешните приказни на жените во бизнисот во регионот на општина Гостивар, со цел да се поттикнат претприемачките, особено младите, нивното образование и влез во светот на бизнисот. Валентина Дисоска, претседателката на Националната платформа за женско претприемништво и Здружението за бизнис жени, во обраќањето рече дека во последните години бројките покажуваат има повеќе затворени отколку отворени фирми кои ги раководат жени. - Според информациите од Централниот регистар и бројките во 2019 година имавме над 1.000 компании, во 2020 година нешто помалку од една илјада компании и во 2021 година се околу петстотини некаде над 500 компании. Тоа значеше дека одиме надолу и наместо да отвориме, повеќе затвораме. Тоа, секако доаѓа како резултат на актуелните кризи, но тоа не треба да значи дека не треба да работиме, рече Дисоска. Во дискусиите беше потенцирано дека голем предизвик е трендот на исселување на младите и беше оценето дека е сè поочигледен и алармантен. Дел од говорниците нагласија дека форумот треба да биде поттик за жените, а пред сè младите девојки, да создадат сопствен бизнис и да придонесуваат за развој на економијата. Гостиварската Сафија Селими, која околу речиси дваесет години води сопствен бизнис – Академијата „Теса“, вели дека и било многу тешко да ја унапреди кариерата заради предрасудите и другите општествени бариери. - Жената и покрај тоа што може да биде добра сопруга, добра мајка, може да биде добра и во бизнисот, нагласи меѓу другото Селими. На форумот учествуваа жени претприемачи од полошкиот регион, наставнички, локални активистки и претставници на локалната самоуправа. згм/цр

Остани поврзан