Формирана Регионална лига во бокс, Вардар во А-Групата
- Во Сараево денес беше официјализирана Регионалната лига во бокс во која ќе учествуваат осум клуба. Македонски претставник е Вардар, а во натпреварувањето влегуваат и екипи од Србија, Хрватск
Сараево, 9 април 2021 (МИА) - Во Сараево денес беше официјализирана Регионалната лига во бокс во која ќе учествуваат осум клуба. Македонски претставник е Вардар, а во натпреварувањето влегуваат и екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.
БК Вардар е во групата А со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора).
Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје, додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи.
Во Групата Б во првото коло ќе играат:
Црвена ѕвезда – Марибор и
Хрватски Витези – Радник. зс/