• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен им порача на приврзаниците на Украина во Давос „да го зајакнат својот отпор“

Фон дер Лајен им порача на приврзаниците на Украина во Давос „да го зајакнат својот отпор“

Брисел, 16 јануари 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен им порача на поддржувачите на Украина на Светскиот економски форум во Давос „да го зајакнат својот отпор“ пред руската инвазија.

Повикувајќи на повеќе оружје и финансиска поддршка за Украина, Фон дер Лајен, во говорот на годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ), ги повика поддржувачите на Украина да продолжат да го прават тоа.

Фон дер Лајен рече дека на Украина и треба „предвидливо финансирање во текот на 2024 година и пошироко“.

Во своето обраќање на глобалниот форум во швајцарскиот зимски центар Давос, Фон дер Лајен рече дека Украина „може да победи во оваа војна“, наведувајќи ги во овој контекст победите на Киев во операциите за ослободување.

Во Давос пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој треба да им се обрати на светските лидери. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан