• петок, 22 ноември 2024

Фон дер Лајен: ЕУ во моментов не може да испорача вакцини на посиромашните земји

Фон дер Лајен: ЕУ во моментов не може да испорача вакцини на посиромашните земји
Брисел, 21 март 2021 (МИА) - Европската унија во моментов не може да донира вакцини против  коронавирус на посиромашните земји, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. - Постои голем притисок врз земјите-членки да набават вакцина за себе, рече Фон дер Лајен за „Функе медиа груп“. Сепак, шефицата на ЕК ја нагласи финансиската поддршка на Унијата за иницијативата Ковакс и напорите на Светската здравствена организација да им се обезбеди пристап до вакцините на посиромашните земји. - Европската унија инвестираше 2,2 милијарди евра во оваа иницијатива. Ковакс веќе испорача 30 милиони дози во 52 земји, рече Фон дер Лајен. Механизмот што и овозможува на Унијата да споделува вакцини директно со другите земји нема да започне, како што рече шефицата на Комисијата, „сè додека немаме подобра состојба на производство во ЕУ“. паг/  

Остани поврзан